А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев – Курти: Добрите односи и новите иницијативи за соработка меѓу двете земји се од исклучително значење за Западен Балкан

by А1он04/11/2019 - 17:50373
Share0

Добрите односи и новите иницијативи за соработка меѓу Северна Македонија и Косово се од исклучително значење за Западен Балкан и за секоја земја во регионот одделно од аспект на заедничките аспирации за членство во Европската Унија, констатирале на денешната средба во Скопје премиерот Зоран Заев и претседателот на партијата „Самоопределување“ од Република Косово, Албин Курти.

Следете a1on на Instagram Instagram

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, на која присуствувале и пратениците Мухамед Зекири од Собранието на Република Северна Македонија и новоизбраните пратеници од Самоопределување во косовскиот парламент Фиторе Пацоли и Либурн Алиу, биле потврдени исклучително добрите односи меѓу двете земји, а се разговарало за идната соработка која има силни потенцијали да ги зајакне билатералните врски во интерес на граѓаните на Северна Македонија и Косово.

На средбата како приоритети биле издвоени проектите за инфраструктурно поврзување, меѓу кои, освен автопатот Скопје – Блаце, се посочиле како особено добредојдени патните поврзувања меѓу Тетово и Призрен, како и дооформувањето на капацитетите на граничниот премин Јажинце кои во голема мерка ќе ја олеснат комуникацијата на граѓаните и на бизнис иницијативите меѓу градовите од западниот дел на Северна Македонија и југозападниот регион на Косово.

kosovomakedonija

Би можело да ве интересира

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 20:26

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 18:21

Клековски: Ако сѐ биде во ред, есента 2027 ќе продолжиме со изградбата на клиничката болница – Штип

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 16:24

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 14:15

Спортска сала, мамограф и патни инвестиции – премиерот Мицкоски најави нови проекти за Делчево и регионот

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 13:52

МВР: Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 13:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео