Заев-Кучан: Поддршка за реформите на новата Влада

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во рамки на работната посета на Будва се сретна со Милан Кучан, поранешниот претседател на Република Словенија.

Кучан, како што информира владината прес-служба, ги оцени како значајни реформите што ги спроведува новата македонска Влада, и за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и за евро-атлантските интеграции.

Посебно се разговараше за значењето на реформите во правосудството што треба да овозможат владеење на правото и правда за сите граѓани, како и поголема сигурност кај инвеститорите што се чувствуваат посигурни во правна држава.

– Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи во сите области, што ќе значат подобрување на квалитетот на живот во државата, но и отворање на евро-атлантските перспективи, рече премиерот Заев.

На средбата се констатирани традиционално добрите пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Словенија. Премиерот Заев се заблагодари за значајната поддршка што во континуитет ја дава Република Словенија на Република Македонија за членството на земјава во ЕУ и во НАТО.

Поранешниот словенечки претседател Кучан, најави натамошна поддршка за Република Македонија која, како што нагласи, заслужува да биде дел од евро-атлантските структури, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски