(ВИДЕО) Заев: Ќе помогнеме на секој начин, но нема утеха за срцата кои тагуваат по саканите

Од:

Премиерот Зоран Заев на комеморативната седница во општина Гостивар изрази сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа.

Тој посочи дека ќе им се помогне на семејствата на секој можен начин.

„Душата не боли за секој згаснат живот. Тагата е заедничка. Зборовите за утеха тешко се наоѓаат, оти нема утеха за срцата кои тагуваат по саканите. Зборовите не можат да допрат до душата која жали. Човекот додека има луѓе околу себе не е сам. Загубата не се надоместува, но не сте сами“, порача премиерот во обраќањето.

Тој рече дека лично ќе се заложи за помош на семејствата и изрази сочувство во име на Владата и негово име.

Седуммина од патниците од автобусот кои што се хоспитализирани во Скопје сѐ уште се во критична и тешка состојба. Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска потенцираше дека бројот на жртвите од синоќешната сообраќајна на патот Скопје – Тетово е 14 лица.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он