Заев: Ќе ги промениме состојбите во затворите согласно ЕУ препораките

Од:

Гледаме дека имате јасна претстава што ви претстои и што треба да се направи. За нас е многу важно да воспоставиме и да одржуваме отворен дијалог и соработка, особено заради искуството со претходната владина гарнитура која не исполни ниту едно од ветувањата и не имплементираше ништо од нашите препораки кои произлегоа од загрижувачките услови во затворските институции и во постапките на полицијата, рече претседателот на Комитетот за превенција од тортура на Советот на Европа Микола Гњатовскиј на средбата со премиерот Зоран Заев.

Гњатовскиј го информира Заев дека заради односот на претходната влада, Република Македонија во март оваа година била соочена со можноста да добие т.н. јавна изјава која на препорака на Комитетот ја испорачува Советот на Европа на земјите што одбиваат да соработуваат или континуирано одбиваат да ги имплеменираат препораките со што се ставаат во редот на земјите што не ги почитуваат човековите права.

Како што соопшти владината прес-служба, ваква „јавна изјава” досега им била испорачана на седум европски земји.

Премиерот Заев нагласи дека новата Влада нема да дозволи Македонија да биде прикажана во ваква светлина заради, како што рече, неодговорниот однос на претходниот владин состав.

– Ќе ги промениме овие состојби и ќе ги спроведеме препораките на Комитетот. Со тоа ќе им дадеме причина на делегатите во Советот на Европа дека Република Македонија не заслужува таква слика за неа. Нам ни се исклучително важни стандардите на Советот на Европа во однос на човековите права и оваа влада нема да направи ништо за да ги наруши. Но, нам исто толку ни се важни овие реформи заради нас, заради нашите граѓани, истакна Заев.

На средбата Заев – Гњатовскиј присуствуваа и раководителот на еден од секторите во Комитетот Хју Четвинд, министрите за внатрешни работи и за правда, Оливер Спасовски и Билен Саљији, заменик министерот за правда Оливер Ристовски, како и директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.

Заев ги запознаа претставниците од Комитетот за превенција со сите активности што ги презеде Владата за реформи во сите одделни сегменти на системот за спроведување истраги, на мерката притвор, како и на судските процеси и во делот на извршување на затворските санкции во кои досега се констатирани забелешки за тортура, злоупотреба на овластувања и нехуман однос на претставниците на институциите кон осомничените или осудените лица.

Претседателот на Владата информира дека неговата неодамнешна посета на најголемата казнено-поправна установа во земјата, затворот Идризово, беше поттикната од желбата лично и на лице место да се запознае со сите сериозни забелешки за условите и за третманот на затворениците што ги констатираа и на кои предупредуваат со години наназад домашните и меѓународните организации што ги мониторираат овие области.

– Во соработка со институциите надлежни за оваа сфера и особено со граѓанските организации и независните институции за човекови права, Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет за човекови права, ги поставивме приоритетите и роковите. За некои од нив се договоривме да ги решиме уште во првите шест месеци од нашиот План 3-6-9 и нема да отстапиме од овие одредници, рече премиерот Заев и додаде дека Владата ги има предвид и препораките од извештаите на ова тело на Советот на Европа.

Гњатовскиј му оддаде признание на Заев за првите позитивни чекори и мерки за промени во истражните и затворските постапки и процедури во Република Македонија. Му пренесе и дека посетата на премиерот на затворот Идризово и изјавата по посетата биле исклучително позитивно примени во Стразбур.

Средбата со Комитетот за превенција од тортура на Советот на Европа е редовна пракса пред објавување на редовниот годишен извештај кој оваа година се очекува во ноември.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

Орце Костов

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница