(АУДИО) Заев: Јанкулоска издејствува отфрлање кривична пријава против Ставрески кај обвинителот Зврлески

Од:

На прес конференцијата на СДСМ беше пуштена снимка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во телефонски разговор со министерот за финансии Зоран Ставрески. Разговараат за сегашниот јавен обвинител, Марко Зврлески.

-Лично тој по нарачка на Јанкулоска донел јавно обвинителска одлука, отфрлил кривична пријава против министерот за финансии Зоран Ставрески, рече Заев.

Јанкулоска: Те барав за ова што ти пишав. Му спомнав на Марко, не директно отфрли ја пријавата, ама му реков да види. Сабајле го побарав и ми кажа дека тоа што ми даде задача завршено е.

Ставрески: Дали да и стегнам сега пријава за лажно пријавување?

Јанкулоска: Можеш да и стегнеш, јас не сум пријавила никого за лажно пријавување. Ќе видиме колку е рокот за застарување на делото. Задутре ќе го викнам Марко на подолг разговор, ќе зборувам со него да ми каже какви се искуставата, да не се бламираш да ти ја отфрли пријавата да се бламираш.
Не сакам да го викам на десет минути, зашто и мене ми треба за повеќе предмети и тој сака да се видиме, да го испочитувам, и тој си има мака кај него, јас како психијатар.

Слушнете го разговорот помеѓу министрите Јанкулоска и Ставрески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ