Заев-Јанакакис: Позитивна атмосфера за градење доверба и продлабочување на соработката

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Грција во Македонија, Димитрис Јанакакис, на која, како што соопшти владината служба за информирање, разговарале за можностите што ги отвораат политиките на пријателство и на соработка во духот на меѓусебно почитување, што ги покажуваат владите на двете земји.

Констатирано е дека е создадена позитивна атмосфера за градење доверба и за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Грција, за што постои изразена волја од двете страни.

– Пративме позитивни сигнали за добрососедска соработка, затоа што новата Влада е определена кон примена на европските вредности и на политики на градење мостови. Добиваме назад позитивни сигнали од нашите соседи, што го сметаме за голем исчекор во развојот на добрососедските односи и во отворањето перспективи за граѓаните и за Република Македонија, рекол на средбата премиерот Заев.

Повторил дека стратешки определби на Македонија се членство во Европската унија и во НАТО. Новата Влада, соопштил, е силно фокусирана кон потребниот реформски процес за евроатлантските интеграции, преку усвојување конкретен Акциски план, што одразува колку сериозно е посветена да го подигне квалитетот на живот на граѓаните и да обезбеди напредок на државава. – Премиерот Заев и во оваа прилика изрази надеж дека по Црна Гора, Македонија ќе биде следната земја членка на НАТО, стои во соопштението.

Грчкиот амбасадор Јанакакис, пак, според соопштението, изразил подготвеност за соработка меѓу двете земји на различни нивоа. Во таа насока, на средбата се разгледани и можностите, освен за унапредување на политичката клима на доверба, и за интензивирање на соработката меѓу Македонија и Грција на полето на економијата и инвестициите, културата, образованието, екологијата, туризмот, енергетиката, што се практична потреба на граѓаните на двете земји, соопшти службата за информирање на македонската Влада.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+