Заев испрати телеграма со сочувство за жртвите во Париз

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, по денешниот трагичен инцидент во Париз, во којшто се убиени новинари, полицајци, а има и повредени, упати телеграма со сочувство до амбасадорот на Франција во Македонија, Лоренс Оер, до францускиот претседател Франсоа Оланд, премиерот Мануел Валс, до редакцијата на сатиричниот весник Шарли Ебдо, како и до граѓаните на Република Франција:
 
„Изразувам длабоко и најискрено сочувство, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, за трагичниот настан во којшто се загубени човечки животи, а има и повредени.
 
Во овие тешки моменти за семејствата, за редакцијата на весникот Шарли Ебдо и за земјата, ние сме со францускиот народ, цврсто уверени дека Република Франција успешно ќе се справи со опасностите и предизвиците и сторителите ќе бидат откриени.
 
Нападот врз новинари е напад врз слободата на говор. Република Франција не е сама во битката за обезбедување слобода на граѓаните од заканите од секаков вид, вклучувајки ја и борбата против тероризмот“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?