Заев и Шимоновиќ разговараа за погазувањето на човековите права во Македонија

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претседателката на Комисијата за правда, Рената Дескоска, попладнево оствари средба со помошникот на генералниот секретар ОН, задолжен за човекови права, Иван Шимоновиќ, придружуван од директорката задолжена за Европа, во одделот на Обединетите нации за политички прашања, Елизабет Спехар, како и од претставници од Високиот комесаријат за човекови прашања во Женева.

Главни теми на разговорот беа погазувањето на човековите права во Македонија со незаконското прислушување од страна на власта, проблемите со злоупотребите на судството, со слободата на говор, како и актуелната политичката криза во земјава.

Изразена е загриженост за состојбите во Република Македонија кај коишто се бележи значителен пад во однос на 2006-та година, до кога Македонија имаше отворени НАТО и ЕУ перспективи и е констатирано дека за да може земјава да напредува, неопоходно е да се врати на патот на демократијата и на владеењето на правото.

-Решението за враќање на функционални институции, на правната држава, на независноста на медиумите, е преодна влада, којашто ќе ја нормализира државата и ќе создаде услови за слободно изразување на волјата на граѓаните, рече претседателот Заев.

Масовниот, мирен, натпартиски, граѓански, мултиетнички протест во организација на опозицијата и граѓанскиот сектор е поздравен од меѓународната заедница како одраз на определеност за заедништво коешто им е потребно на Македонија и на регионот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?