Заев: Груевски се плаши од фер избори и одолговлекува

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од партиска делегација денеска се сретна со германскиот пратеник и член на комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Јосип Јуратовиќ, со кого разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија и излезните решенија од политичката криза.

На средбата е констатирано дека во Македонија се владее преку политики што не се во согласност со демократските вредности, што се одразува штетно врз животот на граѓаните.

– Стабилноста на Македонија зависи од полн легитимитет на новата Влада што граѓаните мора да ја изберат на регуларни и демократски избори – рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој објасни дека СДСМ е цврсто посветена на наоѓање решенија за двата клучни услова за регуларни избори, доверлив Избирачки список и обезбедување објективно известување на медиумите.

– Македонија повеќе изборни циклуси е заложник на криминални избори што ги спроведувала актуелната власт. Уште едни такви избори нема да има. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се подготвени да излезат на фер избори, тие бегаат од фер избори, се плашат од фер избори и затоа свесно го одолговлекуваат процесот на изнаоѓање решенија за кризата – рече претседателот Заев.

На средбата беше истакнато дека врвот на власта и нејзините соработници во страв од правдата се обидуваат и да ја опструираат работата на Специјалното јавно обвинителство, за што користат недозволиви притисоци врз судството и Уставниот суд.

– Затоа демократската јавност е на улиците преку мирните протести што СДСМ ги поддржува и од тие протести ја испраќаме пораката дека власта се враќа во рацете на граѓаните, а секој кој се огрешил пред законите и Уставот мора да ја понесе својата одговорност – додаде Заев.

Состанокот во голем дел беше посветен и на Програмата на СДСМ, на мерките што ќе придонесат кон кревање на животниот стандард на граѓаните преку враќање на парите кон граѓаните и реални и стабилни економско-социјални политки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО