(ВИДЕО) Заев: Груевски е фатен во криминал и треба самиот да се повлече од политичката сцена

Од:

Дождот не ги спречи жителите на беровско Русиново да излезат и да го пречекаат претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој в очи на христијанскиот празник Велигден ги посети населените места во Малешевијата.

Во обраќањето пред нив Претседателот на СДСМ презентираше повеќе мерки од програмата на СДСМ која според него, ќе допринесе за вистински промени во Македонија, и со која ќе се подобри животниот стандард на сите граѓани.

Заев посочи дека во секоја нормална демократска држава, кога ќе се обелодени криминален скандал директно поврзан со премиерот на државата тој веднаш се повлекува од политичката сцена, а институциите на државата ги превземаат сите мерки за негово расчистување.

„Снимките покажуваат огромен скандал. Не само што Груевски примил 1,5 милион евра во кеш туку и затаил данок со што ја оштетил и државата, буџетот, граѓаните. Никола Груевски треба да замине од политичката сцена. Секој политичар во светот, ако се фати во ваков криминал, веднаш самиот си заминува од политичката сцена. Наместо да се преземат мерки, и тоа веднаш, за расчистување на овој криминал, власта прави се да го забошоти.“ рече Заев.

„Не знаејќи што да направи власта вели дека записот што го презентиравме, каде што Груевски го договара кешот, наводно бил монтажа, дел од гласот не бил на Груевски. Па точно е дека дел од гласот не бил на Груевски, едниот дел е на Груевски, другиот на газда Нини, а третиот на соговорникот. Снимката е автентична и гласот е на Груевски. И граѓаните многу добро можат да проценат дека тоа е гласот на Груевски затоа што преку провладините медиуми секојдневно се бомбардирани токму со неговиот глас.“ додаде Заев.

Жителите на Русиново револтирани од помислата дека се одлеваат огромни пари во нечии џебови додека граѓаните мака мачат со сиромаштијата, невработеноста и крпат крај со крај.

Во наше Русиново уште канализацијата не е довршена, не поделија по партиска линија, се жалеа жителите.

И жителите на таканаречениот Ромски рид во Берово го пречекаа претседателот на СДСМ. Се пожалија на големата сиромаштија и тешкото секојдневие.
Посетата на малешевскиот регион претседателот на СДСМ ја продолжи во центарот на Берово, каде оствари повеќе средби со граѓаните, а се сретна и со младите беровчани.

Младите се жалеа дека се повеќе нивни врсници заминуваат од градот барајќи работа и подобра иднина.

Заев рече дека на Македонија и се неопходни промени за да се подобри животот. Потребни се промени за нов почеток. Неопходно е целосно расчистување со криминалните мрежи.

„Моќта е во секој човек. Зад параванот сме сами, со нашиот глас одлучуваме дали Груевски ќе продолжи на овој начин да ја краде земјата и да ја држи во заложништво или ќе тргнеме напред во подобра иднина за сите“ рече Претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред беровци.

Zaev 2

Zaev 1

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

(ВИДЕО) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

Горан Наумовски