Заев: Гоце Делчев беше срцето на македонската револуционерна организација која се бореше за полна политичка автономија на Македонија и на Македонците

Од:

Гоце Делчев е обединувачки симбол на македонската независност! Додека беше жив, Гоце Делчев беше срцето на македонската револуционерна организација која се бореше за полна политичка автономија на Македонија и на Македонците. По неговата трагична смрт, Гоце Делчев стана срцевината на политичката идеја за македонската независност и неприкосновен идол на генерации Македонци кои се бореа за остварување на таа идеја, напиша лидерот на СДСМ Зоран Заев на неговиот фејсбук профил по повод одбележувањето на 117-годишнината од неговата смрт.

-Борците од Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ кои го кренаа востанието за народно ослободување носеа значки од Гоце Делчев на реверите и капите, а борците од бригадата „Гоце Делчев“ учествуваа во ослободувањето на Штип и Тетово. И чествувањето на Гоце Делчев треба да обединува, исто како што обединуваше Гоце Делчев како водач на македонското револуционерно дело, пишува Заев.

Ние денес, додава тој, се поклонуваме пред моштите на Гоце Делчев во црквата Св. Спас, каде што беа свечено пренесени од Софија, откако неговите другари оставија аманет до следните поколенија „светите мошти да бидат погребани во главниот град на независна Македонија“.

-Аманетот беше исполнет и ние денес, во современа Северна Македонија и пошироко, со чествувањето на делата на Гоце Делчев, ја чествуваме и идејата за широки права на населението. Денеска, горди оддаваме чест на 117-годишнината од трагичната смрт на македонскиот апостол Гоце Делчев – лидерот кој обединува, а не разединува, пишува лидерот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски