ВИДЕО: Заев го означи затворањето на Кампот на слободата

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во Кампот на слободат им се заблагодари на граѓаните кои два месеци кампуваа пред Владата под отворено небо и го означи затворањето на Кампот.

– Кампот на слободата ја исполнил својата цел и проектот „Вистината за Македонија“ немаше да успее доколку не беше истрајноста на сите граѓани кои два месеци деноноќно кампуваат под отворено небо на Илинденска, и тоа со една единствена цел – оставка на премиерот Никола Груевски.

– Кампот произлезе од потребата на граѓаните, луѓе оставија дома семејства за да дојдат тука и да покажат дека ја сакаат Македонија. Камперите испратија порака дека диктатор може да поднесе оставка без да падне капка крв од неговото заминување. На овој простор се одржа најголемиот натпартиски собир во историјата на Македонија и тука е поставен темелот на слободата – рече Заев.

11754774_10153558001427932_880231106609779646_o

Лидерот на СДСМ насобраните граѓани ги запозна и со детали од договорот, кој беше постигнат за излез од политичката криза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?