ВИДЕО: Заев го кани Ѓорчев на кафе, Ѓорчев не одговори дали ја прифаќа поканата

Од:

Влатко Ѓорчев го праша премиерот Зоран Заев кога ќе стави ред во јавните финансии и дали ќе го сопре ужасното трошење на народни пари и за политички пазарења.

„Вашиот генерален секретар Александар Кирацовски е потпишан на законот во сите Јавни претпријатија да има заменици директори. Ова е скандалозно и срам. Децата на функционерите и шарените ги вдомивте. Јадењето живи луѓе го покажавте со бркањето на Цветан Трипуновски од Министерството за земјоделство само затоа што надвор од работно време држел прес конференции. Дали конкурсите се наместени за членови на СДСМ и дали општинските организации на СДСМ одлучуваат кој каде ќе биде вработен“, праша Ѓорчев.

„Намерата ми е искрена. Немаме намера и нема политички реваншизам. Доволно е политичкото делење. Сакам помирувањето да пристигне до секого. Нови 47.000 работни места се отворени, најголемиот дел се во приватниот сектор. Секој има право на работа. Се прима според квалитет, а не според партиска одлука. За тоа кој ја води кадровската политика на СДСМ, ве поканувам на кафе во СДСМ и таму ќе ви одговорам и ќе разговараме“, рече Заев.

Ѓорчев не одговори дали ја прифаќа поканата.

Би можело да ве интересира

Пешевска: Според укажувањата на стоматолози актуелниот претседател на стоматолошка комора Маријан Денковски ја има узурпирано комората

Ана Ололовска

Спасовски: Од 2017 до денес сите бонус плати се исплатени, следната е во јуни

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачки до Ковачевски: Дали ќе го разрешите Милошевски како еден од одговорните за случајот со Онишченко

Ана Ололовска

Ковачевски: Екстра профитот направен од компаниите во време на криза е предмет на иницијатива за праведно даночење

Ана Ололовска

Ковачевски: Историското покачување на платите во образованието мора да значи и подобри резултати во работата

Ана Ололовска