Заев го информираше Рамон Абароа Каранза за политичката криза и можните излезни решенија

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретнаа со амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Рамон Абароа Каранза.

Политичката криза во Република Македонија и можните излезни решенија беа тема на средбата.

Претседателот Зоран Заев рече дека доказите што ги објавува СДСМ во јавноста ги потврдуваат забелешките нотирани во извештаите на Европската комисија, ОБСЕ и другите релевантни меѓународни организации, за злоупотреби за време на изборни процеси, за постоење селективна правда, за владина контрола врз медиумите, за партизација и приватизација на институциите во Македонија од страна на Никола Груевски и неколкумина негови соработници.

„Потребен е нов ветер за иднината на Република Македонија. Објавувањето на Вистината за Македонија потврди дека првите луѓе на судството и обвинителството се под директна контрола на врвот на власта. Се потврди дека лошата состојба со медиумите е последица на воспоставената директна контролата на власта којашто оди дотаму што се нарачуваат прилози во вестите. Тоа мора да го промениме и никогаш да не се повтори. Враќањето на слободата и демократијата во нашата држава ја отвора таа можност, во интерес на сите граѓани.“ рече Заев.

Претседателот Заев го повтори ставот на СДСМ дека преодна Влада којашто ќе создаде услови за фер и демократски изборен процес е излезно решение од длабоката политичка криза во којашто се наоѓа Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел