Заев: Гарантирам, просечната плата ќе биде 30.000 денари, носам живот!

Од:

Во семејство со двајца вработени тоа се 60.000 денари! Нема да преживувате како сега – со овие пари ќе можете да уживате во животот. Ќе имате можност да се храните здраво, наместо секој ден да броите по 30 денари за да си купите леб, рече во Кавадарци Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител на кандидатска листа во изборна единица 4.

Ќе си ги плаќате редовно сметките, наместо да ви заостануваат, па да ве даваат на извршители, па да ви блокираат сметки.

Ќе можете да му ја купите саканата кошула на вашето дете за неговиот роденден, ќе можете да го изненадите вашиот тинејџер со патување за Нова Година во градот за којшто секојдневно ви зборува – наместо да ви се кине срцето додека му велите – немам, или ќе видиме, срамејки се, како да сте вие виновни што државата не ви обезбедила услови за пристоен живот.

Ќе можете да ја однесете вашата мајка, баба на убав викенд на планина, наместо да ја пријавувате на партиски списоци за она апсурдно пусто скијање – додека со пензијата лекови не може да си купи, а не пак опрема за скијање за жена од 70 – 80 години.

Ќе ви заблеска домот со нешто ново што ќе ве развесели сите, наместо секој ден да го гледате станот, на пример, неискречен, ама тоа е – не стигаат пари.

Ќе стигаат пари – со 30.000 денари плата за секој, со 60.000 приход во едно семејство со двајца вработени, вие ќе го сакате својот живот во Македонија и вашите деца нема да сонуваат да учат, живеат и работат по бродови и непознати странски земји, туку ќе ја градат својата иднина во својата земја, со своето семејство.

И ќе има нови работни места во Македонија, може да има нови работни места, ако ги отклучиме катанците на затворените домашни фирми, ако ги поддржиме, а силно ќе ги поддржиме домашните микро, мали и средни претпријатија. Испланиравме 140 милиони евра директна помош за домашните фирми, за 100 проценти поголема државна помош од сега. За да живне прометот, за да се зголеми обртот, за дуќанчето да стане дуќан, за вие кои сега работите сами да можете да ангажирате и свои помошници, работници, за да можете да им давате 30.000 просечна плата, за да ви бидат задоволни и работливи работниците, за и себе си да си помогнете и на невработените да помогнете, така и на државата ќе и помогнете.

Или, ако сте без работа, за да можете сами да си отворите бизнис, преку бесплатен деловен простор во старт ап центри, преку поволни кредити за микро бизнис со 1 процент камата, за повторно, да можете самите на себе да си дадете просечна плата до 30.000 денари.

Кога фирмите имаат пари и граѓаните имаат пари, и економијата во државата расте, се полни Буџетот, па тоа повлекува и повисоки плати за сите, и лекари, и наставници, и администрација, и повисоки пензии – сите имаат со овој пристап за живот во Македонија.
Овде е се напишано ќе го вратиме животот во Македонија!

Јас сум човек кој доаѓа од бизнисот, знам како се води бизнис. Не влегов со врски во некое претпријатие, се изнаработев додека да стекнам искуство.

Со вас овде во кавадаречко сум често, Кавадарци е земјоделски крај, вие барем знаете дека почнав од земјоделство. На овие мои раце се е запишано, нема друг политичар во Македонија што држел мотика, што работел земјоделие. Ја знам земјоделската мака и барам поддршка од земјоделците.

Ама за да има напредок потребни се стабилни државни политики и добри економски политики. Спиралата на покачување на платите и во приватниот и во државниот сектор само така е можна.
На Македонија и треба одговорна Влада, којашто ќе тргне да ги средува работите почнувајки од потребите на граѓаните.

Јас веќе сум насочен на 12 декември, на утрото кога ќе вдишиме слобода и ќе почне да се реализира нашиот заеднички План за живот во Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ако Мицкоски лаже сликите се јасни, еве ги активистите од настаните со црквата во Галате

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

СДСМ: Силјановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали под бугарски диктат Сиљановска и министрите ги објавија сликите без знаме?

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром