Заев – Дуџак: Продолжува соработката со ОН со успешно спроведување на проекти за подобрување на животот на граѓаните и во услови на Ковид-19

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска во својот кабинет ја прими Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите нации (ОН) во Република Северна Македонија, која му го честиташе почетокот на вториот мандат со желби за плодна работа изразувајќи поддршка и продолжување на интензивната соработка со органите и телата на ОН и во наредниот период.

Истакнувајќи дека вториот мандат во 2020 година започнува во поинаков и многу подобар политички контекст отколку во 2017 година, премиерот Заев оцени дека во услови на обновена демократија и унапредување пријателски односи со соседите, Владата останува посветена на имплементација на договорите со Република Грција и Република Бугарија, на зајакнување на независните институции, политичкиот дијалог и подобрување на економскиот и социјалниот стандард на граѓаните.

Премиерот Заев, како што соопшти владината прес-служба, се заблагодари за огромната поддршка која ја има нашата земја од Обединетите нации во значајни области за граѓаните и која е од исклучително значење во остварувањето на напорите за унапредување на стратешките цели на земјата, како што се оствареното членство во НАТО и одлуката за почнување преговори за влез во Европската унија.

Постојаната координаторка на ОН, во разговорот со премиерот Заев посочи дека Програмата на Владата веќе содржи многу од приоритетите на Обединетите нации во земјата, како економска трансформација, грижа за сите („никој да не заостане“), родова еднаквост, одржлива животна средина и отчетно владеење, подвлекувајќи дека семејството на ОН е подготвено да поддржи широк процес на консултација за да се формулира Национален развоен план преку широк општествен консензус.

На средбата, како што се анведува во соопштението, беше потенцирано дека партнерската соработка меѓу Владата, институциите во нашата држава и ОН за прашањата значајни за граѓаните и државата, како и за активностите за реализација на глобалните цели за одржлив развој, утврдени од Обединетите нации продолжуваат со ист интензитет, особено во справувањето со последиците од пандемијата од вирусот КОВИД-19 и преземањето мерки за стабилизирање на економијата во земјата.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски