Заев: Да продолжиме со масовна вакцинација, следува попис, но и нови инвестиции за подобар економски стандард

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибината под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар нагласи дека периодот пред нас носи сериозни предизвици, а тоа се вакцинацијата, пописот и јакнењето на економските инвестиции.

Да продолжиме со вакцинација, сите да се вакцинираме, со тоа го штитиме своето здравје и здравјето на нашите роднини и пријатели. Ова зло не е искоренето, но ние сакаме да биде под контрола, како сега да можат децата наесен одат научилиште, рече претседателот на СДСМ, Заев.

– Во септември ќе направиме попис на граѓаните, на еднакви граѓани, на сите, и воопшто не ми е гајле колку се Македонци, Албанци, Турци, Роми Власи, Бошњаци, тоа се граѓаните на Северна Македонија, истакна Заев додавајќи дека во периодот пред нас следува поттикнување на важни економски процеси.

– Отворивме интервентен план за инвестиции, кој е димензиониран насекаде низ државата. Н0а една милијарда од ЕУ, која и припаѓа на Северна Македонија додадовме уште 7, со кои ќе го дигнеме севкупниот економски стандард на државата, нагласи лидерот на СДСМ.

„Ќе има уште повеќе инвестиции, Северна Македонија конечно е сигурна и стабилна земја под закрила на НАТО, продолжуваме понатаму да инвестираме во инфраструктура, тоа е предуслов за нови инвестиции, со ТАВ програмата градиме водоводи и канализации. За 26 години се изградни 17% канализации во државата, за 4 години го кренавме тој процент на 34 процент“, рече Заев, додавајќи дека ќе продолжиме понатаму бидејќи има пари во државата, но во минатото оделе во глупости.

„Само со јакнење на економскиот капацитет и стандард на сите граѓани во државата ќе ги мултиплицираме економските ефекти за раст и развој на сите во Северна Македонија“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибината под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците