Заев-Чаба: Македонија е позитивен пример за регионот во насока на решавање на отворените прашања, заслужува да биде следната членка на НАТО

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Канада во Република Македонија, со седиште во Белград, Кати Чаба, со која разговараше за актуелните политички процеси во земјата и беше потврден заемниот интерес за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.

Премиерот Заев, потенцирајќи ја големата пријателска поддршка од Канада, ја информираше амбасадорката Чаба за активностите за спроведување на претстојниот референдум и нагласи дека очекува на 30 септември, граѓаните да излезат, да го искористат своето демократско право и да гласаат одговорно, препознавајќи го историскиот момент, кога е потребно секој да се вклучи и слободно да се изјасни.

Нејзината екселенција, амбасадорката Чаба, оцени дека Македонија по потпишувањето на договорите со Грција и Бугарија е позитивен пример за целиот регион на Југоисточна Европа во насока на решавање на отворените прашања, обезбедување стабилност што несомнено позитивно влијае на продлабочување на економската соработка меѓу земјите.

Амбасадорката Чаба ја пренесе канадската поддршка за реформската агенда на Владата на Република Македонија и истакна дека Канада ја очекува Република Македонија како 30-та земја членка на НАТО, оценувајќи дека тоа ќе биде значаен придонес кон стабилноста и безбедноста на земјата, но и на целиот регион.

Премиерот Заев ја повтори заложбата на Владата да остане фокусирана на обезбедување на конкретни и одржливи резултати во правец на реформите во областа на судството, безбедносните служби, јавната администрација, слободата на говорот и подобрување на условите на медиумите и обезбедување независност, како и продолжување на напорите за интензивирање на борбата против корупцијата, како одраз на напорите за градење на Македонија како европска и демократска.

На средбата, се разговараше и беше потврден заемниот интерес за унапредување на билатералната соработка во повеќе конкретни области, беше ставен значаен фокус на економската соработка меѓу Македонија и Канада во претстојниот период, како и натамошно продолжување на успешната мултилатерална соработка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски