Заев: Британската поддршка долнителна мотивација за интеграциите во ЕУ и НАТО

Од:

Огромната поддршка која Обединетото Кралство и ја дава на Македонија за остварување на евроатлантските интеграции, претставува дополнителна мотивација за забрзување на реформите за економскиот просперитет на сите граѓани.

Ова го истакна премиерт Зоран Заев на средбата во Владата со делегација на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во која беа Ричард Мур, генерален директор за политички прашања и раководителката на Одделот за Албанија, Косово и Македонија во Секторот за Западен Балкан Кетрин Барнс.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев се заблагодари за континуираната британска поддршка позитивно оценувајќи ги билатералните односи и политичкиот дијалог кој на највисоко ниво се води меѓу двете земји.

Претставниците на британската Влада, пак, се посочува, го поздравија договорот помеѓу Македонија и Грција за прашањето за името и стратегиска соработка, потпишан на 17 јуни годинава, изразувајќи уверување дека подобрувањето на односите со Грција и со останатите соседи додава енергија за остварување на перспективите на Македонија во ЕУ и НАТО.

Претставниците на британското МНР со премиерот Заев разговарале и за детали од претстојниот Самит посветен на Западен Балкан, во рамки на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 9 и 10 јули во Лондон, а на кој една од главните теми ќе биде помош при дигиталната трансформација.

– Во таа насока, беше констатирано дека Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска останува посветена на економската стабилност, развојот на инфраструктурата и трговијата со цел унапредување на поврзаноста на земјите во регионот на Западен Балкан, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски