Заев: Божик нека ни биде причина за неминлива радост, за да ја споделуваме со сите, во сите наши претстојни предизвици

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод верскиот празник Божик – Рождество Христово, упати писмо со честитки до Г.Г. Стефан, Архиепископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, и до сите православни верници во Република Македонија.

Во честитката на премиерот Заев до православните верници се истакнува дека додека „овие денови ја слушаме ангелската песна што го слави раѓањето Христово, ја слушаме и пораката која секоја година повикува да ги подготвиме нашите срца за Неговото раѓање во сите нас.“

Премиерот Заев во честитката по повод празникот нагласува дека „славењето на овој ден не е само спомен на историскиот настан, туку е повик Христос да се роди внатре во нас и од нас да направи подобри луѓе. Срцето на човекот е најсоодветното место за тоа. Овој празник не потсетува да се подготвиме, да направиме место во нашите срца, да го исполниме со радост и љубов, зашто радоста е темел на духовниот живот.“

„Празнувањето на Божик нека ни биде причина за неминлива радост, за да ја споделуваме со сите, во сите наши претстојни предизвици. Честито Рождество Христово! Христос се роди!“, се вели во писмото со честитки на Претседателот на Владата на Република Македонија, до православните верници.

Би можело да ве интересира

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Со божиќна порака, бискупот Киро Стојанов повика на заедништво

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Автомобил удри во група луѓе на божиќна парада во Холандија – десетина повредени

А1он