Заев-Бјорнстад: Поддршка од Норвешка за реформите, политиките на пријателство и чекорите кон ЕУ и НАТО

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арни Бјорнстад. Амбасадорот Бјорнстад е во Македонија со делегација на инвеститори од Норвешка.

На средбата се разговараше за актуелни политички и економски прашања.

Заеднички е ставот дека перспективите на Република Македонија и на граѓаните се во ЕУ и НАТО и дека во таа насока значајни се реформските процеси што ги води Владата, политиките на пријателство и решавањето на важните прашања за остварување на овие цели.

-Веќе има мотивација кај домашните и кај странските инвеститори за инвестиции во Република Македонија и отворање нови работни места, по отворените можности за придвижувања во овие процеси. Работиме низ инклузивни политики на реформите и на решенија за прашањата од државен и граѓански интерес, рече премиерот Заев.

На средбата се отворени можности за поддршка од Кралството Норвешка во регулацијата и имплементацијата на обврските на Република Македонија со европските стандарди.

На состанокот се разговараше и за важноста од политичка стабилност во Република Македонија и во регионот за очекуваниот напредок на државите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните