Заев: Барам поддршка да ја водам Македонија

Од:

Почитувани мои струмичани ова е најверојатно моето последно обраќање во функција и на градоначалник зошто се уште сум градоначалник, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Ќе ве потсетам 2005 година, на овoј плоштад поинаков од оваа локација, од оваа сцена, се обратив пред вас и реков, јас сум Зоран Заев имам 30 години и подготвен сум да ја водам Струмица. Еве ме вечерва мои струмичани исправен сум пред вас и ви кажувам, јас сум Зоран Заев, имам 42 години и подготвен сум да ја водам Република Македонија!

На гласачките места ако внимателно и паметно погледнете ќе го видите стои таму и слободата и демократијата, таму стои и правдата и заедништвото и единството, таму стои и животот. Сето тоа е под бројот четири.

Моја Струмицо!

Те повикувам на 11 декември на Денот на светите Св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици,да излеземе масовно сите дотерани, горди со дигнато чело да гласаме за бројот 4, да гласаме за живот во Македонија.

Да живее Струмица, за живее Република Македонија и сите нејзини граѓани да сте ми живи и здрави да живее животот во нашата заедничка Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он