(ВИДЕО) Заев: Ако се случеше „Рекет“ пред три години, ќе беше заштитена телевизијата која е целосно провладина

Од:

Видео и четири разговори биле презентирани пред премиерот Зоран Заев пред да го пријави случајот за „Рекет“. Ова го кажа тој одговарајќи на новинарски прашња, по состанците на партиското раководство.

„Ако се случеше „Рекет“ пред 3 години, ќе беше заштитена телевизијата која е целосно провладина, веројатно врхушката на власта ќе ги собереше парите, а Камчев ќе требаше да молчи или ќе види, зашто тоа беше така во тоа време. За разлика од тогаш, сега премиерот го пријавува случајот според материјалите кои ми беа презентирани. Ми беше презентирано видеото и четири разговори. Тие беа основ да се пријави случајот “, рече Заев.

Запрашан зошто ја штител обвинителката Катица Јанева, премиерот одговори дека не прикрил никого, напротив, на 22 април го пријавил она што го видел.

„Го пријавив тоа што го видов, а тоа е она што беше објавено од Орце Камчев, односно предадено на Јавното Обвинителство од Орце Камчев. Таму не ја гледате Катица Јанева, ја гледате комуникацијата помеѓу Боки 13, Орце Камчев. На крајот истрагата ги отвори моментите, па дојдовме до денешната состојба за тоа кој каде бил и каде постојат индиции да биде одговорен“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов