Заев: Ако не ја промени својата политика, Македонија ќе биде изолирана

Од:

„Доколку Македонија продолжи како сега, ќе станува изолирана од светот. Се надевам на промени на политиката, како за добрососедство, така и за соработка со ЕУ и НАТО“, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев за бугарски медиуми.

Демократските процеси во Македонија, вели Заев, се многу слични со оние во Бугарија. Како народи сме многу блиски, како и во однос на социјалните политики, тешкиот живот, предизвикан од кризата, управувањето на десничарските партии во годините наназад. Сето тоа предизвика проблеми, кои најверојатно се предизвикани од кризата, но властите не направија ништо за да го сменат тоа, пренесува БГНЕС.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев додава и дека Македонија има статус кандидат за членство уште од 2005 година но оттогаш стоиме во место.

„Веќе осум години немаме започнати преговори за пристапување. Неизвесната иднина на граѓаните на мојата земја станува сé поголем проблем за животите на луѓето. Тоа е едно од најсилните докази дека Македонија не се движи во правилна насока“, оцени Заев.

Тој додава и дека најголемиот проблем е нашиот јужниот сосед Грција и прашањето со името, кое ја забави европската иднина.

„Нема силна волја за реформи во државата. Имаме проблеми со судството, администрацијата и слободата на медиумите. Со внимателни, пријателски, дипломатски разговори може секогаш да се дојде до решение. Треба само да сме отворени и пријателски настроени за нашата крајна цел“, вели Заев.

Тој посочува и дека Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија треба да биде потпишан. Историјата е таа која ќе не сплотува и треба заедно да гледаме напред кон иднината. Зоран Заев е категоричен дека секое инфраструктурно решение, што доведува до поврзување на Македонија и Бугарија, е многу важно и ќе придонесе за развој на транспортните врски меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните