Заев: Ахмети се закануваше во Брисел дека ќе излезе од Влада, па ќе имало избори

Од:

Во Брисел, Али Ахмети рече ако не се договориме, јас ќе излезам од владата, а со тоа Груевски ќе биде принуден да оди на предвремени избори. Еве, се вративме, нема одлука да излезат и ќе им посветам време за да ги натерам да излезат од владата, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев во емисијата 360 степени на Алсат –М телевизија.

Дел од ДУИ се инкриминирани, ако излезе како ДУИ, тогаш Груевски нема мнозинство, ако нема мнозинство кој ќе го распушти парламентот?

Ако граѓаните ја даваат власта, нека обезбеди услови за гласање Груевски, од што бегаме? Ако Груевски одлучи 50.000 разлика да победи , толку ќе е, ако одлучи дека треба 200.000, тогаш 200.000 ќе биде разликата, додека е тој на власт.

Нека обезбеди услови за фер и слободни избори, па тогаш ќе одиме на избори, рече Заев и повтори се додека е Груевски премиер и не се исчисти целиот систем од партиската поколопеност нема никакви шанси да се одржат избори.

– Јас не кажувам зашто и како, но нема да можат да се одржат никакви избори,тие може колку сакаат да ги најавуваат, рече Заев.

Тој кажа и дека предложил во Брисел Груевски да се повлече во септември, но премиерот тоа го одбил. Според Заев можно е да продолжи лидерската средба во текот на оваа недела, а опозицијата уште утре продолжува со објавувањето на бомбите.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев посочи дека дава шанса на разговорите уште десетина дена. Според него, нема логика сите да се мачат со бесцелни разговори подолго време кои не водат никаде-ако има договор до крајот на месецов во ред, ако не, нема потреба повеќе да се мачиме, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата