Заедничките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ водат во Кичево и Струга

Од:

Заедничките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кичево и Струга водат пред своите опоненти за градоначалничкото место, покажуваат првичните информации од Државната изборна комисија за обработен мал број избирачки места.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ води во Кочани, Кратово, Крива Паланка, Охрид, Кривогаштани, Куманово, Маврово Ростуша и Прилеп, а „Сојуз за иднина“ и СДСМ во Струмица.

Државната изборна комисија најави прес-конференција околу полноќ на која ќе ги објави првичните податоци за локалните избори.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември