Заеднички вежби на македонската и српската полиција

Од:

Полициски службеници од различни организации при македонското и српското министерство за внатрешни работи изминативе неколку дена реализираа заеднички вежбовни активности и на македонска и на српска територија под име “константно гонење“.

Заедничката акција, како што соопшти денеска МВР, беше во согласност со Конвенцијата за полициска соработка во југоисточна Европа, а нејзина цел беше координирањето на оперативните активности на двете полицииските служби на двете министерства при бегство на извршители на кривични дела од едната на другата територија.

– Според сценариото на вежбата во ситуација на грабеж активностите беа насочени кон гонење на сторителите. Притоа во првиот дел претпоставениот грабеж беше извршен на македонска територија пришто следеше лоцирање на сторителите нивно следење од македонски полициски службеници во тесна соработна и со граничната полиција, потоа продолжување на гонењето и на српска територија каде што во координирана акција се вклучуваат и српски полициски службеници и сторителите се фаќаат. Истите активности беа изведени и во спротивна насока односно во ситуација кога грабежот е извршен на српска територија, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР