Заедничка седница на Владите на Македонија и Албанија во Поградец

Од:

Претставниците на Владите на Република Македонија и на Република Албанија, денеска ќе ја одржат заедничката меѓувладина седница во Поградец, Албанија.

На седницата ќе се разговара на повеќе теми, со цел да се унапреди заемната билатерална активност и политичкиот дијалог за зајакнување на соработката во сите сфери.

Со оглед на меѓусебните заложби од регионалната соработка ориентирана кон Европската Унија, Берлинскиот процес, целите зацртани на Самитот на Јадранската повелба во Трст и создавањето на регионална економска зона, во фокусот на меѓувладината седница ќе биде унапредувањето на меѓусебната поврзаност и инфраструктура, олеснувањето на размената на стоки и услуги како и зајакнување на соработката во областа на безбедноста.

Ова е прва заедничка меѓувладина седница помеѓу владите на Република Македонија и Република Албанија.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски