Заедничка изјава на медиумските организации од Македонија

Од:

Заедничка изјава на:

  • Здружение на новинарите на Македонија
  • Самостоeн синдикат на новинари и медиумски работници во Македонија
  • Македонски институт за медиуми
  • Центар за развој на медиуми
  • Центарот за граѓански комуникации
  • Цивил – Центар за слобода
  • Медиуми разновидност Македонија
  • НВО Инфоцентар

На 24 декември 2012 година, новинарите задолжени за известување на работата на Собранието на Република Македонија беа насилно протерани од галеријата и беа попречени да следат и известуваат за парламентарната седница на која се расправаше за усвојување на државниот буџет за 2013 година. Овој настан, (документиран на многу фотографии и видео материјали), е брутално прекршување на правото на новинарите да известуваат за прашања од јавен интерес. Имајќи во предвид дека буџетот предизвика широка и жестока политичка дебата и тензии во Парламентот и надвор од зградата на парламентот, овој чин на безбедноста на парламентот е чин на цензура за протокот на информации до граѓаните.

Ние би сакале да се нагласи дека насилното отстранување на новинарите од Собранието, беше спротивно Деловникот на Собранието на Република Македонија. Парламентарната седница на која буџетот требаше да биде усвоен беше отворена за јавноста, бидејќи Собранието не одлучи поинаку – да работи без присуство на јавноста (член 2, 225, 227 од Деловникот на Собранието на Република Македонија). Понатаму, одлуката за затворање на парламентарната седница за новинарите е против Уставот на Република Македонија, каде што членот 70 предвидува дека “Седниците на Собранието се отворени за јавноста. Собранието може да одлучи да работи без присуство на јавноста со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници”. Постапките опишани не беа следени во овде споменатиот случај, ниту новинарите беа информирани зошто тие се спречени да ја следат парламентарната седница.

Овој чин на насилство, исто така, го прекршува и член 16 од Уставот, кој ја гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање, слободниот пристап до информациите, слободата на примање и пренесување на информации, и ја забранува цензурата. На членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, како и член 19 од Универзалната декларација за човекови права, исто така се повредени, и покрај тоа што македонскиот Парламент ги ратификуваше овие документи кои на тој начин стануваа дел од домашното законодавство.
Ние би сакале да истакнеме уште еднаш дека вистинските капацитетите на демократијата во една земја се мерат преку статутот и безбедноста на новинарите. Информациите кои се важни за јавноста може да се забележат професионално само од новинарите кои не се заплашени, ниту обесхрабрени од една одлука да бидат исфрлени или спречени да ја извршуваат нивната работа. Нападот врз новинарите претставува напад врз демократијата. Без слободно новинарство јавноста останува глува, нема и немоќна да реагираа на злоупотребата на моќта.

Ова е причината зошто ние апелираме до сите меѓународни институции и организации посветени на заштита и унапредување на професионално и слободно новинарство, да реагираат и да бараат одговор и одговорност од институциите од кои е дозволено да се случи ова срамно дело против новинарите.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on