Забранет за сообраќај мостот на Брегалница кај карбинското село Долни Балван

Од:

Мостот на реката Брегалница, кој ги поврзува карбинските села Долни Балван и Таринци е забранет за секаков вид сообраќај. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов за МИА вели дека токму во моментов се поставува сообраќјната сигнализација, но и купчиња со песок за да возилата не поминуваат по него.

-Забраната за сообраќај е донесена по препорака на проектантот на мостот, како и на надлежните од сообраќајната полиција и од инспекторите за одржување на состојбата со речните корита, односно водостопанство. Се додека не се стабилира тлото, но и нивото на реката, по овој мост нема да се поминува. Откако ќе се стабилизира повторно увид ќе направат сите надлежни институции, вели Паунов.

Посочи дека по повторниот увид ќе се знае во каква состојба е мостот. Инаку во неделата едниот столб на мостот беше видливо попуштен по налетот на водата и дрвја. ЈП „Плачковица“ со помош на механизација ги отстрани дрвјата, кои беа попречени на столбовите на мостот. Жителите на Општина Карбинци за да патуваат кон Пробиштип, Кочани, Берово, Пехчево, како и кон граничниот премин кај Делчево ќе мора да го користат регионалниот пат преку селата Аргулица, Борилчево и да излезат на магистралниот пат, кај селото Кучичино.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска