Забрана за товарни возила на правците Кратово – Пробиштип и Радовиш – Конче

Од:

На патниот правец Кратово – Пробиштип, на околу 100 метри за излез од Кратово, е воведена забрана за товарни моторни возила и автобуси, а за патнички моторни возила сообраќајот се одвива наизменично, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Забраната е воведена поради оштетеност на една коловозна лента, како последица од обилните врнежи.

АМСМ информира дека забрана за движење на тешки товарни возила е воведена и на патниот правец Радовиш – Конче (Р-2433), на кој на 11-тиот километар има свлечиште. Сообраќајот таму се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои,  наместа по влажни коловози.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози