Забрана за тешки товарни возила на патот Дебар-Маврово

Од:

Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Според информациите кои АМСМ ги добил од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози и остатоци од кашест снег на повисоките места. Врнежи од снег се бележат на П.Шапка, Стража, Маврово, Буково, Ѓавато и Пресека. Во Крушево врнежите се од дожд и снег.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози