Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од:

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: На патниот правец Маврово – Дебар во 13:20 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила.

Од 16:00 часот, поради врнежи од снег, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.

Од 16:55 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека.

Од 17:30 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража.

Од 18:00 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Буково.

Од 20:00 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

Од 20:25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На сите патни правци во државата има слаби врнежи од снег.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Намалена видливост поради појава на магла има на Пoпова Шапка од 15 до 20 метри и на планинскиот премин Стража до 100метри.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска