Забрана за тешки товарни возила и автобуси на патот Маврово-Дебар-Струга

Од:

Поради интензивни врнежи од снег на патните правци крак Маврово – Дебар, како и Дебар – Струга има забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси. За лесните моторни возила е задолжителна употреба на зимска опрема.

Како што соопшти АМСМ, на патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови на возила.

На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар, не се препорачува движење на тешки товарни возила.

Забраната за движење на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка е сеуште во тек.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози