Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Од:

Автомото сојузот на Македонија информира дека има активна забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Патниот правец од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“ во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во с. Голема Црцорија, патот не е прооден од снежни наноси и навеви од снег.

Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Потсетуваат дека од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Би можело да ве интересира

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Зимски услови на патиштата: магла на патот Тетово–Скопје, снег на Попова Шапка и на Пресека

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево

А1он

Најмалку педесетина жртви низ САД во зимскaтa бурa што ја погодија земјата