Забрана за камиони на превојот Ѓавато и патот Струга – ГП „Ќафасан“

Од:

Поради снежните врнежи забрана за тешки товарни возила превентивно се воведува на планискиот превој Ѓавато и на патниот правец Струга граничен премин Ќафасан, соопшти попладнево Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Претходно забрана за камиони беше воведена и на патните правци крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка, а превентивно и на патот Крива Паланка – граничен премин Деве Баир и планинскиот превој Пресека. Во сила е и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка.

За останатите возила е задолжителна зимска опрема.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози