Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека.
Поради снежните врнежи забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси има и на патните правци крак Маврово – Дебар, како и Дебар – Струга. За лесните моторни возила е задолжителна употреба на зимска опрема.
Како што соопшти АМСМ, на патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови возила.
На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар, не се препорачува движење на тешки товарни возила.
Забраната за движење на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка е сеуште во тек.