Забрана за излез за Србинот кој учествуваше во сообраќајката кај Удово

Од:

Дваесет и едногодишниот Рајко Радуловиќ од Ниш учесник во сообраќајката која деновиве се случи кај Демир Капија при што загина осуммесечно бебе, а седуммина патници беа повредени, откако излезе од болница ќе мора да остане во Неготино и секој ден да се јавува во полиција се додека не заврши истражната постапка околу тешката сообраќајка.

Ваква одлука донел неготинскиот суд на барање на обвинителството, информираше Аце Ангелковски, претседател на Основен суд Неготино.

– На возачот на фиестата му се одземени личната карта, пасошот и возачката дозвола и тој ќе престојува во Неготино, тоа се мерките на претпазливост кои беа донесени согласно на законот, соопшти Ангелковски.

Тешката сообраќајка се случи на патот Демир Капија – Удово. Загина осуммесечно бебе, а повредени беа уште седум лица во директен судир на две возила со српски регистарски таблички.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он