Забрана за движења на тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка

Од:

Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка, во 10:15 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси, а за лесните моторни возила задолжителна е употреба на зимска опрема, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на сите останати патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од снег на коловозите, но без поголеми проблеми во одвивањето на сообраќајот.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска