Забрани за тешки товарни возила на повеќе патни правци

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег кој останува на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија пат.

Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека напатниот правец Кочани-Делчево се забележува зголемена појава на одрони. Особено внимание е потребно кај делот од Истибања до брана Калиманци.

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Крива Паланка граничен премин Деве Баир, Тетово-Попова Шапка, крак-Маврово-Дебар, крак-Стража-Кичево, Струга граничен премин Ќафасан.

Престанок на важност на забраната за тешки товарни возила на Пресека и Ѓавато.

Забрана за автобуси е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна употреба на зимска опрема.

Од АМСМ апелираат со посебно внимание да се вози на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

АМСМ препорачува поради обилни снежни врнежи без особена потреба да не се патува во западниот дел од државата, задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on