За време на продолжениот викенд во Скопје се случиле 35 сообраќајки

Од:

Во текот на изминатиот продолжен викенд, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 35 сообраќајни незгоди. При сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со тешки телесни повреди додека 14 со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 66 возачи го управувале возилото со по голема брзина од дозволената. 49 возачи се исклучени од сообраќајот и тоа девет бидејќи го управувале своето возило под дејство на алкохол, 36 возачи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четворица бидејќи биле возачи почетници.

Поради не регистрирани возила од сообраќај се исклучени 34 возила. Девет возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло додека шест не дале првенство на минување. Преземени се мерки и против двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин.

Во текот на изминатите денови исто така издадени се 148 мандатни платни налози, додека 93 возила се подигнати со “пајак”.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски