За време на викендот во Скопје 30 сообраќајни незгоди

Од:

Во текот на изминатиот викенд, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 30 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, 15 со телесни повреди и 16 со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди додека 24 со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 79 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 43 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи 35-мина од нив управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило, а осуммина управувале возилото под дејство на алкохол . Исто така 40 возила се исклучени од сообраќај: седум биле технички неисправни, додека кај 33 возила била истечена важност на сообраќајната дозвола.

Единаесет возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, а двајца заради неправилно престројување. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови исто така издадени се 218 мандатни платни налози, додека 166 возила се подигнати со “Пајак”.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски