„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

Од:

„Венко Филипче во празниот говор за отчет пред Конгресот не објасни: Зошто е петта партија во Скопје и трета во Македонија? Не се огради ниту кажа лош збор за неговиот ментор Зоран Заев. Не се огради и го штитеше криминалот на кланот Дубаи чиј што составен дел е самиот тој. Не објасни зошто СДС сервираше услуги кон Бугарија и Грција, го наметна францускиот предлог, склучи штетен договор со Бугарија. Не објасни зошто ги напаѓаат САД, се во политичка војна со Обединетото Кралство. Зошто остана осамен со неуспешниот дипломат Андреј Жерновски кој јавно говореше во полза на бугарскиот наратив за Македонија. Зошто денес СДС не преставува никаква алтернатива. Зошто не му смета што СДС стана помал чирак на ДУИ во криминалот“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на говорот на Венко Филипче на 31. Конгрес на СДСМ.

Од партијата велат „Филипче самиот исто така не изостанува од криминалниот синџир на тендери, не кажа од каде му е службеното луксузно Ауди и каква е неговата врска со Енис Колашинац кој ЕСМ го снабдуваше со јаглен за време на власт на СДС“.

„Филипче не се огради ниту од нивниот бегалец Васко Ковачевски кој ја испокраде државата и го оштети македонскиот Буџет за 6,5 милиони евра за што е познатиот случај „Адитив“. Не се огради од антидржавното однесување на Зоран Верушевски. Заклучокот е дека за ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче. Проблемот е што тој е штетен за Македонија и нејзините интереси“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?