За Вељаноски книгата „Црн понеделник“ е болшевички памфлет

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски остро реагира на денешната промоција на книгата „Црн понеделник“ нарекувајќи ја „скапа еднопартиска сеанса“ чија цел е да ја замае маеѓународната и домашната јавнсот, обидувајќи се да го сокрие мрачното сценарио за суспендирање на Парламентот заради дестабилизација на државата.

„Навивачката и гротескна судница во која се претвори денешната промоција на скапиот болшевички памфлет, за жал, се случува сред изборите и е во директна функција за вршење притисок врз Комисијата која треба да ги утврди фактите пред и на 24 декември 2012 година. Старата болшевичка метода на замена на тезите, нападнатиот претседател на Собранието со нарушувачите на редот, е најдобар доказ за матрицата на затворениот ум и мрежата на затвореното, а не на отвореното општество. Целата политичка магла која насила се пумпа во македонското општество има една единствена цел: насилно приграбување на власта по секоја цена. Сè што влегува во ова сценарио е сојузник. Со нехаризматични глумици кои се спремни и потсмешливиот бастун да го стават како влог во својата октроирана кариера – не се гради држава“, пишува претседателот на Собранието.

Би можело да ве интересира

24 декември – се заборави и се повтори, одговорност никој не понесе

Наум Локоски

Шест години од „црниот понеделник“

Наум Локоски

Четири години од „црниот понеделник“ – 24 декември

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) 24. Декември2012: Црвенковски: Oд денеска Македонија го доби својот Милошевиќ

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) 24. Декември 2012: Со влечење, тегнење и закани новинарите избркани од собраниската галерија

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) 24. Декември 2012: Драма, повредени пратеничките Бендевска и Казанџиска, Вељаноски евакуиран

Емир Латифовиќ