За УПОЗ е неприфатливо кратење на платите поради штрајкот

Од:

Синдикатот на УПОЗ денеска информира дека за нив е неприфатлива и противзаконска одлуката на Судскиот буџетски совет да се изготви нова пресметка на плата со која на сите вработени кои штрајкуваат ќе им се исплати плата во висина од 60 проценти.

– Известувањето на Судскиот буџетски совет доставено до сите судови на Р. Македонија со кое им се налага на претседателите на судовите до благајната односно сметководството со наредба да изготват нова пресметка на плата и на сите вработени кои штрајкуваат да им исплатат плата во висина од 60 проценти, за Синдикатот на УПОЗ ваквата наредба е неприфатлива и сметаме дека таа е против законска, против уставна и доколку биде извршена претседателите на судовите ќе се соочат со кривична одговорност, се вели во соопштението.

Синдикатот на УПОЗ и Здружението за судска администрација, како што информираат, во текот на денот испратиле допис до сите претседатели на судовите во кој им укажуваат дека доколку издадат писмени наредби за задршка на 40 проценти од платата, а не поединечни решенија за штрајкувачите, ќе извршат кривично дело, а за тоа ќе биде известена и Државната комисија за спречување на корупција.

Би можело да ве интересира

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

Уставен суд реагира на наводите изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Деаноски: Доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто на вработените во МФ, постои опасност од затворање на трезорот

Членови на УПОЗ на протест за времената мерка со која им се запре исплатата на зголемувањето за 30 отсто на платите

Катерина Ѓуровски

Втор обид за договор меѓу Владата и судската и обвинителската администрација

Катерина Ѓуровски