За три дена 31 сообраќајка во Скопје

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 31 сообраќајна незгода.

Во петокот, на 19 септември, извршен е увид на вкупно 18 сообраќајни незгоди. Од нив, осум се со последица материјална штета и девет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 14 лица.

Случена е и една незгода со последица тешки телесни повреди во 14 часот и 20 минути на крстосницата на бул. „Кочо Рацин“ со ул. „11 Октомври“ во која учествувале мопед со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје, товарно моторно возило „фиат“ и патничко моторно возило „мицубиши“ и двете возила со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Во сабота, на 20 септември, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, пет со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден велосипедист.

Случени се и две незгоди со последица тешки телесни повреди. Првата се случила во 17 часот и 20 минути на крстосницата од ул. „Борис Серафов“ и ул. „Атанас Климовски“ помеѓу патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје, патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски таблички и патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со телесни повреди се здобиле еден возач и двајца сопатници.

Втората незгода се случила во 23 часот и 10 минути на бул. „Илинден“ помеѓу две патнички моторни возила „голф“ и „цитроен“ и двете возила со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници, а еден возач со телесни повреди.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште пет незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во недела, 21 септември, извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден пешак и еден возач на трицикл.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е и една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 32 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 29 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, девет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 70 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 95 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе одржи работилница во основното училишта „Кузман Јосифовски Питу“ на подрачјето на општина Кисела Вода, како и во детската градинка „13 Ноември“ кое се наоѓа на територијата на општина Центар.

Денеска во времето од 9 до 13 часот на крстосниците од ул. „Пролет“ со ул. „11 Октомври“, бул. „Кочо Рацин“ со ул. „11 Октомври“, бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Кузман Јосифоски Питу“ и крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ со ул. „Беласица“ ќе биде реализирана обука за физичка регулација на сообраќајот на кандидатите за полициски службеници. Обуката ќе биде реализирана од страна на Единицата за безбедност во патниот сообраќај и Центарот за обука при МВР. Апел до возачите да бидат претпазливи, толерантни и да ги почитуваат знаците што ќе ги даваат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Четворица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Струга – Дебар

Пешак загина во сообраќајка на магистралниот пат Прилеп – Битола

Поради сообраќајна незгода со жртва пренасочен е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени се тројца малолетници

Горан Наумовски

Петмина повредени во сообраќајка на патот Битола – Прилеп

Велосипедист загина во Нови Сад, го прегази камион

А1он