За субвенции за инвертери 2.500 апликации, исплата од наредната недела

Од:

Околу 2.500 граѓани поднеле барања за субевции за инвертери во Скопје. На неколку пунктови тие веќе почнале да ги оставаат своите стари грејни тела, што е услов за исплата на субвенцијата, која треба да почне наредната недела.

-До крајот на минатата недела имаше околу 2.500 апликации за инвертери. Граѓаните веќе започнаа со предавање на старите печки со што се овозможува и формално да започне исплатата за купените инвертери, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој појасни дека постапката за субвенциите била во застој поради изборите и формирањето на новата Влада.

-Кога таа пречка формално правно беше отстранета, на определени пунктови граѓаните веќе почнаа да ги оставаат своите поранешни грејни тела за да ја добијат субвенцијата.

Исплатата на субвенцијата за инвертери, појасни тој, ќе почне од наредната недела, а веќе е почната исплата на субвенции за велосипеди и другите субвенции кои ги врши Градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања