За странците, терористите се – наводни

Од:

Дваесет и четири часа по акцијата на полицијата во кумановското Диво Насеље, амбасадорите на САД, земјите од Европската унија и западните медиуми, за групата што МВР ја оквалификува како терористичка, зборуваат и пишуваат во наводници или го употребуваат изразот „наводни терористи“.

Амбасадорот на САД во земјата, Џес Бејли, кој заедно со амбасадорите на Европската унија, Велика Британија, Германија, Франција и на Италија вчера беше на средба со премиерот Никола Груевски, во заедничкото соопштение терористите беа ставени во наводници.

Угледниот американски весник „Њујорк тајмс“ пишува дека „Владата на Груевски во саботата, во раните утрински часови, наредила полициска операција против етнички албански „терористи“ во северниот етнички мешан град Куманово, во која загинале осум полицајци и 14 наводни „терористи“.

Британски „Гардијан“, во текстот посветен на атмосфрета (политичка и на терен), групата што беше цел на полицијата ја именува со „терористи“, но со наводници.

„Деталите за акцијата остануваат нејасни (магливи), но конзервативната влада на Никола Груевски се соочи со итни повици од НАТО и од Европската унија за „транспарентна истрага“ за тоа што се случило“, пишува „Гардијан“, во текстот насловен „Насилството меѓу македонската полиција и „терористите“ го стави премиерот под лупа“.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски