За Сиљановска Договорот со Обединетото Кралство е извонреден

Од:

Извонреден и сосема во ред е Договорот со Обединетото Кралство, не факторизира геополитички на Балканот, ќе не направи поинтересни во регионот и попросперитетни, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Како што оцени Сиљановска Давкова, во Договорот има техничка грешка, но само во англиската верзија и таа деновиве преку размена на ноти може да се исправи.

-Договорот не е како некои договори склучен од погрешни субјекти. Одговорно тврдам дека Договор за промена на име не може да биде склучен од министер за надворешни работи ама беше склучен. Во Уставот јасни се членовите 118 и 119, јасно е дека договорите ги склучуваат шефовите на државите, а кога е утврдено со Закон и Владата. Токму во Законот за надворешни работи се наредени сите овие области: инфраструктура, економија, ИТ, здравство, училишта,… се се тоа капитални инвестиции што нас не прават посилни во натпреварот и не не оставаат сами. Она што во Договорот е техничка грешка, и тоа само во англиската верзија, е предпотписот на заменик-премиерот, односно министерот за транспорт – стои потпретседател на државата во името на Владата. Мислам дека овие денови, утре-задутре, преку обична размена на ноти или информации може да се отстрани согласно Виенската конвенција за договорно право, потенцира претседателката.

Според неа, ако се погледне содржината на Договорот, може да се забележи дека доколку дојде до раскинување, почнатите работи продолжуваат.

-Треба ли да потсетам на многу објекти низ државава кои останаа недовршени зашто немаше во дооговрите исти такви одредби. Кога одите напред и имате гаранција дека тоа можете да го реализирате и односот кон вас се менува, рече Сиљановска Давкова, потсетувајќи дека најголемиот дел од британските инвестиции на Западен Балкан се во Македонија, одговорајќи на новинарски прашања по конференцијата по повод јубилејот на Државниот завод за статистика.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со американскиот претседател Трамп во Хаг: Остануваме посветени на сојузништвото со САД

Сиљановска-Давкова од Тирана: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ

А1он

Сиљановска-Давкова: ООН постои да гради мир не само меѓу нациите, туку и со природата

А1он

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија

Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост не е само статистика, туку реална слика на општествената реалност

Сиљановска-Давкова: Нашето членство во НАТО не е само политичка формалност, туку стратегиска определба

А1он