За шест месеци во Гевгелиско се регистрирани шеесетина сообраќајќи

Од:

На територијата на општините Гевгелија, Богданци и Дојран, кои се под надлежност на Полициската станица во Гевгелија, во изминатите шест месеци се случиле 58 сообраќајни незгоди во кои две лица загинале, девет биле потешко повредени, 11 минале со лесни телесни повреди.

Во 36 од евидентираните сообраќајки била направена само материјална штета која е проценета на околу 1,1 милион денари.

– Годинава имаме зголемување на бројот на незгодите во однос на изминатата година во која поради пандемијата имаше и полициски час што го ограничуваше движењето и влијаеше врз помалиот број сообраќајќи. Како причина за сообраќајките предничат управувањето на возилата со брзина поголема од препорачаната, возење под дејство на алкохол, непочитување на првенство на минување и непрописно растојание меѓу возилата, стои во полицискиот извештај.

Поголем дел од сообраќајните незгоди – 34,се случиле на отворен пат, а 24 се случиле во населени места. Во рамки на акциските контроли биле проверени 5.156 возила при што 291 возач и 63 возила биле исклучени од сообраќај.

На 61 возачи им била одземена возачката довола.Вкупно биле издадени 2.574 прекршочни платни налози од кои биле наплатени 1.484 налози.

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски